Search

(Фото од местото на трагедијата) Буштур излетал од патот и удрил во бетонски блокови

Како што објави 24 Инфо, легендата на македонската и југословенската кошарка, Благоја Георгиевски Буштур загина ноќеска во сообраќајна несреќа во Кисела Вода.

Георгиевски управувал автомобил и поради лизгавиот коловоз излизгал и удрил во бетонските блокови покрај патот над Сервис Скендеровски.

Тој починал на самото место. Полицијата во моментов врши увид на местото, а сообраќајот е блокиран.

 

Треба да знаете
Последни објави