Софија Вергара едноставна и секси на прошетка во Западен Холивуд

Таа се подговува да каже збогум на „Модерна фамилија“ а актерите завршуваат со снимањето на последната сезона на популарната телевизиска серија.

Во вторникот попладне, Софија Вергара реши да се одмори од снимањето и излезе на сонце во Западен Холивуд.

Убавата Колумбијка изгледаше отмено во раскошен џемпер Гучи и фармерки Деним. И овој пат една од најпосакуваните актерки го задржа стилот по кој го доби прекарот – кралица на искината облека.

Ако некој во Холивуд сака да носи трендовски искинати фармерки, тогаш тоа дефинитивно е актерката Софија Вергара. Таа не се откажува од овој модел на фармерки, а со последната модна комбинација е дефинитивно кралица на стилот.

 

Треба да знаете
Последни објави