Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Oсуда на ксенофобичниот напад на туристите е последица на антисемитизам

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје најостро го осудува ксенофобичниот и расистички напад кон туристите кои се случи во центарот на градот.

Тоа не е сликата за градот на солидарноста Скопје.

Политиката на поделби и омраза креирана и практикувана од власта резултира со агресивност, омраза и создавање на лоша слика за Република Македонија и главниот град.

Станавме место каде антисемитизмот останува неосуден од власта, ксенофобијата е последица на поделбите, говорот на омраза средство за комуникација.

Оттука лицемерно е кога Шилегов чиј вокабулар изобилува со навреди и непочитување кон соговорникот и вербални испади  ќе се прикажува за душегрижник и поборник на солидарноста, кога всушност е поттикнувач на поделбите.

Бараме институциите да реагираат и го осудат говорот на омраза и политиката на поделби.

 

 

Треба да знаете
Последни објави