Ранет демонстрант на протестот во Њу Делхи против законот за државјанство

Вооружен маж отворил оган на протестот против новиот закон за индиско државјанство, кај универзитетот во Њу Делхи, при што ранил едно лице, изјавија очевидци на настанот.

Ова е прв ваков инцидент во Њу Делхи во текот на едномесечните протести, јавија британските медиуми.

Полицијата веднаш го уапсила вооружениот човек.

Очевидците наведуваат дека мажот, кој го држел пиштолот, извикувал пароли против демонстрантите, пред да почне да пука врз нив.

-Полицијата стоеше покрај него, изјави очевидецот Ахмед Захир, пренесен од британскикте медиуми.

Додека владата смета дека законот е потребен за да им се помогне на избеганите малцинства кои од Авганистан, Бангладеш и Пакистан дошле во Индија пред 2015 година, неговите протривници тврдат дека законот и предложениот национален регистар за државјани, ги дискриминира муслиманиските малцинства во Индија и го прекршува индискиот секуларен Устав.

Треба да знаете
Последни објави