(Видео) Бела Хадид на жешка фото сесија во Сардинија

Манекенката Бела Хадид во средата сподели бекстејџ-снимки од фото сесија во Сардинија за најновата кампања на Мисони. Сесијата, на која работеа познатите фотографи Мерт Алас + Маркис Пиггот, датира од пред неколку месеци.

Бела (23), полу-палестинка, пола-холанѓанка беше подготвена за сликање благодарение на дуото за стајлинг Ванеса Рид и Мобалај Довду. Алекс Браунсел се погрижи за стајлингот на нејзината коса, а Лорен Парсон за шминката.

Бела, која има 29.4 милиони следбеници на Инстаграм / Твитер, ја пофали екипата : „Ја сакам оваа група многу, супер се забавувавме, подобро од било кога досега !“

Бела работи како модел за агенцијата ИМГ од 2014 година. Во декември 2016 година беше прогласена за модел на годината.

Во октомври 2019 година супермоделот ја доби ласкавата титула Најубава жена на светот, откако помина научен тест кој утврдува што претставува „совршено лице“. Имено, научниците, со примена на методот златен пресек заклучиле дека има најидеални црти на лицето.

 

Треба да знаете
Последни објави