Амнести Интернешнел: Во Азија расте репресијата, но и отпорот кон тоа

Организацијата Амнести Интернешнел (АИ) во годишниот извештај за Азиско-пацифичкиот регион оцени дека авторитарните контроли сè повеќе ја поткопуваат слободата во Азија, но дека расте и волјата на граѓаните да се спротивстават на ваквата репресија.

Во денешниот извештај на АИ се наведува дека авторитарните влади во Азија ги поткопуваат човековите права и ги демонизираат своите критичари, но се соочуваат со зголемен бран протести на млади луѓе кои ризикуваат да протестираат против ваквата репресија.

Во извештајот се тврди дека Индија и Кина, двете најмногубројни држави, се обидуваат да ја наметнат својата „мрачна, доминантна визија за континентот каде малцинствата се сметаат за закана за националната безбедност”.

– Ние гледаме ескалација на репресијата во многу земји. Но, исто така, забележуваме зголемување на отпорот и протести, честопати водени од млади луѓе од Хонг Конг до Индија, од Мјанмар до Тајланд, рече регионалниот директор на АИ, Никола Беквелин.

Треба да знаете
Последни објави