Search

СЗО утре повторно ќе заседава за коронавирусот

– Комисијата за вонредни состојби при Светската здравствена организација утре повторно ќе заседава, третпат оваа недела, за да процени дали новиот вирус кој се шири од Кина претставува вонредна состојба на меѓународно ниво.

„Одборот ќе го советува генералниот директор дали епидемијата претставува вонредна здравствена состојба на меѓународно ниво и кои препораки треба да се спроведат”, се наведува во соопштението на СЗО.

Соопштението е објавено пред прес-конференцијата на експертот на СЗО, Мајк Рајан, кој се врати од Кина.

Комисијата, која е составена од 16 независни стручњаци, минатата недела двапати не сакаше да прогласи вонредна состојба на меѓународно ниво.

Треба да знаете
Последни објави