Search

Почувствуван земјотрес во Дебарско, епицентарот во Албанија

Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 21 часот и 15 минути е почувствуван во западна Македонија, особено во Дебар и околината, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил во соседна Република Албанија, во близина на Драч, на 170 километри југозападно од Скопје, со Рихтеровата локална магнитуда од пет степени.

Треба да знаете
Последни објави