Search

Магла на патниот правец Катланово – Велес

Поради магла, намалена видливост од 50-100 метри, изутринава има на патниот правец Катланово-Велес.

Сообраќајот на другите државни патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница
– Берово и Кочани – Делчево.

Треба да знаете
Последни објави