Search

ВМРО-ДПМНЕ: Дескоска успешно ја игра улогата на адвокат на мафијата

Рената Дескоска успешно ја игра улогата на адвокат на мафијата. Јовески ќе биде поканет на работни групи, на кои тој ќе може да го елаборира својот став. Расправите вчера и денес се за да се слушне независната експертска јавност, а не Јовески, кој две години нема откриено еден криминален случај, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на објавата на Дескоска дека ВМРО-ДПМНЕ бара цензура и се противи јавниот обвинител Љубомир Јовески и таа да земат збор и да го кажат мислењето по вчерашните предлози.

„Дескоска може во име на Јовески, доколку не сака тој, да одговори до каде се постапките за ‘Рекет 1, 2 и 3’? Зошто се чекаше притисок од јавноста за да почне нешто да се случува со случајот ‘Рекет 1’? Зошто немаме никаква реакција од Јовески за Леонардо, грантовите од Фондот за иновации, низа нерасчистени убиства и други криминали? До кога ЈО ќе биде маша на власта? Токму затоа се и забелешките на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од партијата.

Треба да знаете
Последни објави