Search

АБА ја одби жалбата, МЗТ Скопје ќе мора да плати 15.001 евро

 Одборот за жалби на АБА лигата ја потврди првичната казна за МЗТ Скопје за лоша организација на натпреварот со Сутјеска.

Аеродромци ја обжалија одлуката да платат 15.001 евро и еден меч да играат пред празни трибини, но телото при регионалното кошаркарско натпреварување ги одби.

Казната за „сино-белите” е навреди и плукање на навивачите кон српскиот судија Марко Јурас во мечот со Сутјеска поради што, најпрво, беше испразнета една трибина, а потоа и целата сала.

Треба да знаете
Последни објави