Search

Џан пред преселба во Дортмунд

Борусија Дортмунд се многу блиску до привлекување на играчот од средниот ред на Јувентус, Емре Џан.

Според „Газета Дело Спорт”, Германците го следат халфот, откако тој беше изоставен од составот на Јуве во Лигата на шампионите.

Трансферот се очекува да чини 23 милиони евра и Џан ќе потпише договор со „жолто-црните” до 2024 година.

Џан беше привлечен на слободен трансфер во Јуве во летото 2018 година од Ливерпул. Сепак, подоцна беше откриено дека италијанскиот шампион платил 16 милиони евра во провизии.

Треба да знаете
Последни објави