Search

ОСТАВИЛ ПРОШТАЛНО ПИСМО: Koj e мажот кој се самоуби пред Собранието во Белград?

Човекот што се самоуби пред српското Собрание претходно извршил убиство.

Властимир Шевер од Стара Пазова го извршил убиството врз 48 годишниот професор на Факултетот за физичка култура во Белград, Дејан Илиќ.

Неговото тело е пронајдено во канал во Стара Пазова, а oбдукацијата покажала дека е убиен со огнено оружје.

Истрагата на полицијата покажала дека двајцата работеле на продажба на стари автомобили, а тој ден Илиќ дошол во Стара Пазова за да ги побара парите што му ги должел Шевер.

Потоа Шевер пукал во Илиќ, а со истиот пиштол се самоуби пред Собранието.

Претходно извршувал кривични дела, во делот на економскиот криминал и измами. Тој подолго време се криел во подрачјето на Белград, затоа што имало луѓе на кои им должел.
Полицијата при прегледот кај убиениот открила и проштално писмо во кое навел дека си го одзема животот поради приватни проблеми.

Треба да знаете
Последни објави