Search

Една година од исчезнувањето на Арбен Аслани полицијата без одговори

Бекир Аслани, татко на исчезнатиот Арбен пак ги повика институциите да се ангажираат во потрагата по вистината што се случило со неговиот син. Точно пред една година исчезна Аслан, а МВР и ОЈО го водат случајот во потраги.

-Во мое и во име на моето потесно семејство Ви се заблагодарувам што Вие медиумите сте издвоиле време за овој наш прес. Целта на истиот е да преку Вас ја информираме пошироката јавност за тоа до каде е стигната истрагата во врска со нашиот исчезнат син. Исто така и апел до МВР на СРМ, која е надлежна и одговорна за спроведување на истраги за вакви случаи, да излезе и ја информира јавноста, како и нас загриженото семејство за тоа што навистина преземале до сега надлежните служби кои делуваат во рамките на МВР. Ја информираме јавноста дека досега и покрај нашите настојувања, барања и средби со претходното раководство на МВР предводена од министерот Спасовски не добивме никакви информации поврзано со исчезнувањето на нашиот мил син.

Од наша страна до надлежното министерство, посебно во текот на контактите ( со министерот Спасовски 4 пати, со Заменикот Нухиу два пати, со претходниот премиер Заев еден пат),пред кои сме ги изнеле сите факти поврзани со исчезнувањето и нашите сомнежи (телефонски броеви, снимки од движењето на возилото во кое се претпосавува дека синот е заминат и други познати на органите), и покрај добиените ветувања, досега несме добиле ама никакво известување или некое сомнение, трага или нешто друго што би се поврзало со евентуалното изнаоѓање на нашиот син.
Во врска со ова се реализирани и неколку средби со непосредни старешини од СВР СКОПЈе, кои се надлежни за вакви случаи, меѓутоа освен празни ветувања ништо друго немаме добиено.
Чак и тоа дека истрагата тапша во место, односно дека се уште се наоѓа во секторот за потраги.
Затоа бараме МВР, односно упатуваме апел до новиот технички министер да преземе активности и ги контактира надлежните служби кои се одговорни за вакви случаеви и на непосреден начин се информира за тоа, докаде е стигната истрагата за нашиот исчезнат син.
Само за потсетување, во неколку наврати и во писмена форма сум се обратил до МВР на СРМ (внатрешна контрола, секторот по насилен криминал и други), но досега одговор немам добиено одговор. Во врска со ова до актуелниот министер Г-динот Наќе Чулев имам доставено и барање за непосредна средба што очекувам наскоро и да ја реализирам, зашто ќе му бидам и благодарен- вели Аслани.

Игор Шегавиќ

фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави