Search

Венецуелски специјални сили ја затворија канцеларијата на Гуаидо во Каракас

Безбедносните сили лојални на венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја опколија и затворија зградата во која се сместени службените простории на лидерот на опозицијата и пратеник Хуан Гуаидо, кој моментално е во Лондон, во рамките на меѓународната турнеја со која бара поддршка за соборување на Мадуро.

Припадниците на две елитни полициски единици со маски за лице ги блокирале влезовите во зградата во Каракас и ги затвориле околните улици со своите возила, но засега е не е познато дали полицијата била во канцеларијата на Гуаидо која се наоѓа на третиот кат во зградата.

Пратениците кои се во коалиција со партијата на Гуаидо се собраа недалеку од зградата, велејќи дека ниту еден службеник не бил во зградата за да пренесе што точно се случува внатре, и тврдат дека полицијата спровела незаконска акција.

Полициската акција следувала неколку часа откако пратениците од опозицијата се обиделе да одржат седница на Националното собрание.

За време на меѓународната турнеја, Гуаидо во понеделник во Колумбија се сретна со државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во Лондон со британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за надворешни работи Доминик Раб, а денеска ќе говори и на Светскиот економски форум во Давос.

Треба да знаете
Последни објави