Search

Седница на Советот за безбедност на ОН по резултатите од берлинската конференција за Либија

 Советот на безбедност на ОН неделава ќе свика седница за разгледување на резултатите од конференцијата за регулирање на конфликтот во Либија што вчера се одржа во Берлин, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Како што денеска јавија некои медиуми, официјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, Стефан Дјужарик изјави дека во наредните денови генералниот секретар Антониу Гутереш ќе настапи во советот со резултатите од конференцијата.
– Очекуваме дека генералниот секретер утре или задутре ќе го информира Советот за безбедност по барање на неговите членови, изјави Дјужарик.
На 19 јануари во Берлин се одржа меѓународна мировна конференција за регулирање на конфликтот во Либија.
На конференцијата беше донесено коминике потпишано од сите земји учеснички во кое се ставени основните работи договорени за регулирање на конфликтот.
Треба да знаете
Последни објави