Факти кои го одбележаа денот:
- Јавната установа Специјален завод во Демир Капија е руиниран и без хумани услови за живот. СДСМ ветуваше негово реновирање, но од тоа нема ништо.
- Министрите за земјоделие од СДСМ се фатени во криминал. На повидок е „Фиком“ во земјоделството, едно исто државно земјоделско земјиште било давано на два корисника.
- Градоначалникот на Ресен распишал оглас врз основа на невалиден годишен план за вработување.
- Проблемот со прескапиот паркинг ги натера пазарџиите на протест, а Општина Центар и Град Скопје наместо да го решат ги обвинуваат пазарџиите.
- Зоран Заев во 2014 година го пцуел името Македонија. Тој погази по се што е свето за граѓаните на Република Македонија.
- Битола е еден од градовите кај што непотизмот на функционерите на СДСМ е пуштен на најјако.
- Министерството за образование и наука и градоначалничката Арифи ги излажаа граѓаните за реновирање на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тeтово.