Search

Премиерот на Абхазија ја презеде должноста шеф на државата

Премиерот на Абхазија Валериј Бганба, денеска ја презеде должноста привремен претседател на земјата, откако Раул Каџимба поднесе оставка, но ќе остане на чело на владата, изјави за ТАСС портпаролот на премиерот.

– Додека ги исполнува своите претседателски должности, премиерот Валери Бгамба ќе продолжи да ја организира владата, целиот систем на органи на извршната власт во обид да им служи на правата и интересите на населението, рече портпаролот.

Оставка понуди и потпретседателот на Абхазија Аслан Бартситс, следејќи ги постапките на претседателот на државата, се вели во соопштението објавено на официјалната веб-страница на Хаџимба.
„Во согласност со Уставот на Абхазија и со оглед на фактот дека претседателот на Абхазија, Раул Хаџимба, поднесе оставка заради одржување на мирот и стабилноста во Република Абхазија и за постигнување национален договор, се повлекувам од функцијата потпретседател”, посочи Бартситс во својата изјава.
Треба да знаете
Последни објави