Почнува поништувањето на лустрацијата, Филип Петровски бара досиеата на кодошите да се стават на интернет

Законот за поништување на лустрацијата утре ќе биде отворен во матичната Комисија за политички систем. Сепак, неизвесно е кога ќе биде донесен поради скорешното распуштање на Собранието.

За шестгодишното работење, Комисијата за лустрација прогласи за кодоши околу 200 лица. Речиси половина од нив беа починати. Таа беше формирана во 2009 година со Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, а беше укината на 1 септември 2015 година.

Во меѓувреме на Фејсбук се огласи Филип Петровски, поранешен директор на Државниот архив на Македонија, кој побара сите досиеа на кодошите од УДБА да бидат постирани на интернет.

-Обидот за поништување на ЛУСТРАЦИЈАТА е срамен чин. Овој процес на отстранување на лицата кои се стекнале со предност во животот кодошејќи други лица за жал во Македонија никако да се доведе на ниво кое е соодветно…Луѓе кои преку соработка со тајната полиција напредувале мора да бидат надвор од системот или нема да има држава. Ете свесни сте каква држава денеска имаме. Ако може да се нарече ова што го имаме држава!
Наместо поништување на ЛУСТРАЦИЈАТА предлагам отворање на сите досиеја кои се чуваат во ДАРМ (ДРЖАВЕН АРХИВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА). Да се објават онлајн и да бидат достапни за секој и во секое време. Се работи за над 600.000 страници материјал. Така ќе ја комплетираме ЛУСТРАЦИЈАТА. Ќе видиме кој бил и од СДС и од ДПНЕ и сличните, кодош. Народот наш има право да знае…, пишува Петровски.

https://www.facebook.com/filip.t.petrovski/posts/2601095426790980

Треба да знаете
Последни објави