Клоп: Гвардиола не се откажал, конкуренцијата е силна

Ливерпул ја забележа својата 20. победа во 21. натпревар од англиската фудбалска Премиер лига, победувајќи го Тотенхем  како гостин минимално со 1-0. Така, по 21 одиграни натпревари, „црвените” поставија рекорд во најдобрите 5 европски првенства.

– Рекордот не е толку посебен. Ние знаеме за тоа и тоа е важно, но не може да се почувствува. Кога ви врачуваат трофеј, тогаш сте сториле нешто, но дотогаш мора да се борите за тоа. Ова е само почеток. Ливерпул треба да продолжи во овој дух, бидејќи конкурентите се многу силни. Пеп Гвардиола не се откажал, исто така и ние. Сè оди многу добро во моментов. Тоа што сме први во моментов не е интересно. Кога и математички нема да можат да не стигнат, тогаш ќе ми биде интересно, изјави Клоп по победата над Тотенхем.

Ливерпул води пред вториот Лестер со 16 поени, но има натпревар помалку, а Манчестер Сити заостанува 17 бода.

Самиот ментор на „граѓаните”, Пеп Гвардиола призна дека ја загубил битката за титулата.

Во следното 23-то коло, „црвените” го пречекуваат Манчестер Јунајтед, единствената екипа, која не ја совладаа во Премиер лигата оваа сезона. На „Олд Трафорд”, двата тима ремизираа 0-0.

Треба да знаете
Последни објави