Search

Суарез ќе пропушти шест недели поради операција на коленото

Напаѓачот на Барселона Луис Суарез сè уште чувствува болки во коленото кое ќе мора да го оперира.

Според официјалната веб-страница на каталонскиот клуб, по прегледот, било решено да се изврши оперативен зафат врз Уругваецот, иако од клубот се надевале дека зимската пауза ќе биде доволна за да се санира повредата што долго време го мачеше.

Проблемот не исчезна, па беше решено е да се изврши операцијата. Суарез ќе биде опериран утре од страна на д-р Рамон Кугат. Откако ќе се изврши операцијата, клубот ќе издаде уште едно соопштение за состојбата на играчот.

Уругвајскиот напаѓач има 23 настапи за Барса оваа сезона, постигнато 14 гола, 11 во лигата и три во Лигата на шампиони.

Треба да знаете
Последни објави