Search

Милан го победи Каљари, Ибрахимовиќ го постигна првиот гол по враќањето

Во првиот натпревар од 19-то коло од италијанскиот фудбалски шампионат, Милан попладнево го совлада Каљари 2:0.

Еден од головите за гостинскиот тим го постигна Златан Ибрахимовиќ, кој се врати во таборото на „росонерите” оваа зима, потпишувајќи договор до крајот на сезоната со можност за продолжување за една година.

За Милан ова беше седма победа од почетокот на сезоната и сега е осми со 25 бода, додека Каљари остана на шестата позиција со 29 бода.

Треба да знаете
Последни објави