Search

Изгоре маж во Штип

Едно лице го загуби животот во пожар во станбена зграда на  бул. „ЈНА“ во Штип. Командирот на Територијалната противпожарна единица – Штип, Тони Атанасов за МИА вели дека пожарот е пријавен во 10 часот и 30 минути од соседи по што веднаш е интервенирано со осум пожарникари и две противпожарни возила.

Според она што на лице место го имаат видено пожарникарите е дека мажот веќе бил починат во собата каде што бил пожарот и веднаш го локализирале со што не дозволиле тој да се шири во другите простории и низ станбената зграда.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова потврдува дека едно лице го загубило животот, меѓутоа повеќе детали полицијата ќе соопшти по извршување на увидот кој е во тек од страна на јавен обвинител и крим-техника. Таа вели дека по увидот ќе се знае и кои се причините за настанатиот пожар.

Треба да знаете
Последни објави