Search

МТСП понуди сместување и еднократна парична помош на семејството од Шуто Оризари

Со голема тага ја примив веста за смртта на двете деца во пожарот во
Шуто Оризари. Како родител, се сочувствувам со големата болка што ја
почувствуваа, денес, нивните родители.  Тоа е огромна човечка
трагедија чија загуба е ненадмостлива и која не може да се изрази со
зборови. Но, мора да се остане силен и човечен.  Ќе сторам се што е во
моја надлежност, да им помогнам на семејствата. Знам, дека болката е ненадомслива, но
нивните  браќа и сестри ќе ја имаат мојата максимална поддршка во секој поглед.

За таа цел, како Министерство за труд и социјална политика им е
понудено сместување и  еднократна парична помош .

Треба да знаете
Последни објави