Search

Даути до Џолев: Стапот има два краја

Адвокатот Мерџан Даути и денеска регира со допис до јавноста во врска со последните случувања во врска со предметот ТНТ и реакциите на Основен кривичен суд Скопје до Адвокатската комора во врска со однесувањето на бранителите во овој случај.

Писмото го објавуваме интегрално.

„Почитуван Претседател на Основен кривичен суд,

Начинот на комуникација и однесување кој го практицира како Основен кривичен суд со тоа што при секое барање на адвокатите кои се согласно позитивните законски прописи, Вие експресно се обраќате до Адвокатската комора на РСМ, да ни ги одземате Лиценците е обид за наше замолкување, што преставува притисок да престанеме со сите сили согласно закон, што ни е неопходно да ги бранеме нашите клиенти. Вие имате сила и затоа не казнувате, иницирате дициплински постапки, но со оваа прилика сакам да ве потсетам дека стапот има два краја.

Апелирам до Вас и сите меѓународни иституции, за Ваше добро и за доброто на државата, дека владење на правото и почитување на законите е услов нашата земја побрзо да влезе во НАТО и ЕУ, затоа прифаќате оставка на судија – поротник Лилјана Ивановска Кочовкса, па и кривичниот предмет нека продолжи без влијание на Претседателот на судот, и судењето нека се води судечкиот совет.

Не се плашете Претседателе, овој предмет застарува во 2031 година, и не разбирам на Вашето инсистирање спротивно на сите позитивни закони, да предметот познат за јавноста „ТНТ“ да заврши пред изборите или во најкусен можен рок, те. текот на овој месец. Со непочитување на законските одредби и недозволување на употреба на албанскиот јазик се праваат суштествени повреди на ЗКП, што значи повисоките судови, те. Апелационен или Врховен суд, овие факти немаат да ги премолчат и предметот наместо да започне да се суди од ново во јануари, ќе почне да се суди јуни или јули 2020 година, кога ќе биде вратен од повисоките судови.

Затоа, Ве повикуваам, на јавноста, колегите адвокати и на локална и меѓународната заедница, да и одговорите на прашања:

  1. Дали на 28.01.2020 година, доколку согласно подготвениот план, Судскиот Совет констатира оставки, одново ќе почне судењето ТАЛИР 1, МОНСТРУМ, ТЕНДЕРИ, ТОПЛИК и сите други предмети каде оваа поротничка е член да судечиот совет?
  2. Дали на последното рочиште кое се одрза во јануари 2020 година, во случајот за сообраќајната несреќа, едната од судија – поротник, поради протек на мандат повеќе не е член на судечкиот совет и зашто и за неа не инсистирате да продолжи да работи се до одлука на судски совет, нешто се прави со Лилјана Ивановска Кочовска?
  3. Вистина ли е дека Основниот кривичен суд нема друг судија – поротник?

Дозволете како претседател на Судот, да завладее правото, а ако сметате дека „ТНТ“ е национален интерес, те. мора Фиат Цановски да се обештетува до парламентарните избори, започнете го рочиштето од ново согласно закон, закажувајте рочиште секој ден до 12.04.2020 година, и така ќе ја постигнете целта, но притоа ќе имаме судска постапка соглано закон.

 

 

Со почит,

Мерџан Даути, адвокат

Треба да знаете
Последни објави