Search

Братот ја нашол Неда Арнериќ почината на трпезариската маса

Легендата на југословенската кинематогрфија, Неда Арнериќ почина вечерва на 67-годишна возраст. Нејзиното тело го пронашол брат ѝ, Предраг Арнериќ.

Полициска патрола дошла на местото и изјава од Предраг Арнериќ, кој рече дека сакал да ја посети својата сестра која живела сама во станот, но наишол на заклучена врата.

Тој ангажирал бравар за да ја отклучи вратата, по што влегол во станот и ја затекнал Неда почината како седи на стол легната врз трпезариската маса. Брзата помош констатирала смртт, без знаци на насилство.

Арнериќ признала дека сакала да има деца, но немала среќа да ги добие, поради што беше приврзана кон децата на нејзиниот брат и пријателите. Ја сметаа за секс симбол на ју-кинематографијата, а никогаш не ја преболи смртта на третиот сопруг.

Неда Арнериќ е родена на 15 јуни 1953 година во Књажевац, но целиот живот го поминала во Белград. Нејзиниот татко, по потекло од Корчула, бил воен лекар, а нејзините баби и дедовци живееле во Ровињ. Арнериќ посетувала часови по актерство и балет уште од млада возраст, а нејзината прва значајна улога ја доби на 13-годишна возраст кога глуми во филмот „Сон“ на режисерот Пуриша Ѓoрѓевиќ во 1966 година. Арнериќ следната година сними уште два филма, а се здоби со статус на ѕвезда во Југославија со ролјата во филмот „Цреша од Ташмајдан“ од 1968 година. На 16-годишна возраст се запишала на Драмската академија во Белград, која никогаш не ја завршила. Поточно, на учениците од прва и во втора година не им беше дозволено да прифаќаат апликации, а Неда имаше толку многу понуди што не сакаше да чека, па се откажа од факултет. Подоцна, по барање на нејзините родители, се запишала во историјата на уметноста на Филозофскиот факултет, а отворила и атриум во Белград.

Таа го постигна својот најголем успех на филмот. Глумеше во култните филмови како „Сутјеска“, „Бос в трње“, „Отпишаните“, „Госпоѓа министерка“ а за улогата во еротската драмаи „Алоха- празник на курвите од Лордан Зафрановиќ ја доби Златната арена. Таа настапи и во македонските филмови „Исстрел“ и „Исправи се Делфина“.

 

Треба да знаете
Последни објави