Search

Четворица повредени во судир на „пасат“ и „југо“ во Прилеп

На 08.01.2020 во 13.00 часот на крстосница од улиците Бошко Јанкоски и Цане Коњарец во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „фолксваген пасат“ што го управувал Т.П.(63) од Прилеп и автомобил „југо корал“ управувано од Б.П.(63) од Прилеп.

Во незгодата Б.П. се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле тројцата сопатници од истото возило И.П., М.И. и П.И., по што биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави