Search

По влошениот рејтинг според „Фич”, Мета повика на итно обновување на политичкиот дијалог

Албанскиот претседател Илир Мета реагираше по објавувањето на извештајот на кредитната агенција „Фич”, за 2019 година, според кој Албанија е со влошен рејтинг на нивото на перцепција на инвеститорите, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Би сакал да изразам загриженост во врска со извештајот на престижната меѓународна агенција Фич за 2019 година, според кој Албанија е со полоша проценка на нивото на перцепција на инвеститорите, од 59,8 на 53,5, рече Мета.

Според него, ова се должи на „длабоката политичка криза во земјата” и смета дека под итно треба да се обнови политичкиот дијалог меѓу партиите.

– Затоа е потребно под итно да се воспостави политички дијалог и соработка за итно и веродостојно решавање на условите на Бундестагот. Инаку, не само што се оневозможува отворање преговори со Европската унија, туку нашата земја многу повеќе ќе ја изгуби довербата на сериозните странски инвеститори, истакна Мета.

И албанската опозиција смета дека причина за намалениот рејтинг е политичката криза, поради што можностите за инвестиции во земјата се намалуваат.

Треба да знаете
Последни објави