Search

Петмина повредени во две сообраќајки во Тетовско

На 07.01.2020 во 22.15 часот на автопатот Тетово – Скопје, после с.Желино, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(53) од с.Копанце и товарно моторно возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, управувано од А.С.(47) од Р.Албанија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фиат пунто“ Н.С.(28), а со телесни повреди се здобиле возачот и двете сопатнички Л.С.(49) и Т.М.(33) од истото возило, по што биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

На 07.01.2020 во 17.20 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Ж.(53) од с.Брвеница, тетовско,  излетало од коловозот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави