Search

Франција ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Ирак и Иран

Француските власти денеска ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Иран и Ирак, велејќи дека таму владее исклучително нестабилна безбедносна состојба.

Француското Министерство за надворешни работи, исто така, ги советува француските граѓани кои не можат привремено да ги напуштат овие земји да бидат крајно претпазливи, пренесе „Ројтерс“.

Во соопштението се препорачува ограничување на патувањата кон Иран и Ирак и избегнување на јавни собири во овие земји.

Треба да знаете
Последни објави