Search

Берберот од Малча: Моника ја одбрав случајно, веднаш ја ишишав со ноже

Нинослав Јовановиќ, познат како Берберот од Малча, осомничен за киднапирање на Моника кривановиќ (12) пред обвинителот рекол дека девојчето го одбрал случајно.

-Немав намера да ја киднапирам Моника, ја одбрав случајно тоа утро. Се претставив како електричар од училиштето и ја замолив да се качи во автомобилот, да ми го покаже патот. Таа се обиде да избега, но не успеа. Ја однесов во првата ископана скривница (од вкупно 12 колку подготвил за криње) и ја ишишав со ноже, а потоа и со ножици, изјавил педофилот.

Тој, наводно, рекол дека со Моника отишле во Орешац кај Књажевац два дена по киднапирањето. Видел дека полицијата и жандармеријата го бараат. Тој не користел телефон, ниту поседувал оружје. Јовановиќ одлучил да се врати во Малча, да го донесе девојчето и да се предаде, но не се осмелил, затоа што, како рекол на обвинителот, се плашел дека полицијата ќе го убие.

Обвинителството истрагата против Јовановиќ ќе ја води за две кривични дела: киднапирање и силување, за што, со оглед дека е повеќе повратник, би можел да добие и доживотен затвор.

Јовановиќ беше уапсен во неделата, 5 јануари, 17 дена откако го киднапираше девојчето. Го привеле тројца полицајци додека се криел на гробиштата во Малча, откако истиот ден бил откриен во дворот на еден жител на Малча. Јовановиќ не се спротивставувал на апсењето, туку легнал на земја и рекол дека дошол на гробот на неговата баба.

Родителите на „Берберот од Малча“ им рекоа на новинарите дека нивниот син ја ишишал косата на својата „прва жртва“ кога имал само седум години, дека бил третиран на психијатрија, но дека одбивал да пие лекови.

Тие се плашеле од неговатиот пргав карактер оти тој дури ги труел и кучињата да не го најавуваат неговото доаѓање, а мајка му се плашела да не ја убие!

Првиот пат откако ја издржал деветгодишната затворска казна за силување дома бил само 45 дена пред поворно да изврши силување, по што отслужил 12 години и излегол во јануари 2018 година. Во октомври лани пак бил приведен.

Треба да знаете
Последни објави