„Трамп, дали некогаш си видел вакво море од луѓе во животот?“, милион луѓе излегоа на улиците во Техеран

Државните медиуми и градската полиција објавија дека милион луѓе излегле на улиците во Техеран, а „Ројтерс“ соопшти дека тоа е најголемиот собир од 1989 година, од погребот на основачот на Исламската Република, Ајатолах Хомеини.

View image on Twitter

Фотографиите на голем број луѓе кои жалат на смртта на генералот веќе трет ден ги споделува иранскиот министер за надворешни работи Џавид Зариф, а денеска на „Твитер“, директно се обрати до претседателот на САД, Доналд Трамп.

View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

„Дали некогаш си видел вакво море од луѓе во својот живот, Трамп? Дали сè уште сакаш да ги слушаш кловновите што те советуваат? Дали сè уште мислиш дека можеш да ја срушиш волјата на овој голем народ? Започна крајот на малигното присуство на Америка во западна Азија, напиша Зариф.

View image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

Властите планираат денеска да го пренесат ковчегот со телото на Сулејмани во градот Ком, каде ќе биде организирана и проштална парада, а од таму ќе биде префрлен во Керман-родниот град на Сулејмани , каде ќе биде погребан во вторник.

На лицата на големата поворка има различни чувства, од тага и неверување до лутина иако поминаа неколку дена од убиството на Сулејмани.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи претходно ја предводеше молитвата пред ковчегот. Покрај него беа иранскиот претседател Хасан Рохани, како и лидерот на Револуционерната гарда, генерал Хусеин Салам.

Многу Иранци го сметаа Сулејмани за национален херој, па толпата извикуваше „Смрт за Америка“. Неименуван говорник на парадата претходно денеска понуди 80 милиони долари на оној што ќе ја донесе главата на, како што рече, „оној лудак со жолта коса“, мислејќи на Трам.

Треба да знаете
Последни објави