Search

Првични резултати: Зоран Милановиќ е претседател на Хрватска

Новиот претседател на Хрватска е Зоран Милановиќ, покажуваат првите неофицијални резултати од вториот круг на претседателските избори што се одржаа денес.

Според Државната изборна комисија на основа на 60 проценти од обработените избирачки места, Зоран Милановиќ добил 503.645 гласови, додека Колинда Грабар Китаровиќ добила 436.395 гласови.

Првите изборни резултати што ги објави изборната комисија во 20 часот, се на примерок од 53 проценти од гласовите.

Резултатите од изборите ќе бидат ажурирани на секои пет минути во текот на ноќта.

 

По објавувањето на овие резултати, започна прослава во неговиот штаб, а потоа и самиот Милановиќ се јави на социјалните мрежи и им се заблагодари на сите што гласале за него и учествувале во кампањата.

Треба да знаете
Последни објави