Search

Конгрерсот официјално известен за убиството на ирачкиот генерал Сулејмани

Белата куќа го информираше официјално Конгресот за акцијата спроведена во петокот по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, во која во воздушен напад беше убиен ирачкиот воен командант Касим Сулејмани.

Забележано е дека голем број демократи од Конгресот го критикуваа Трамп затоа што не побарал одобрување од Конгресот за нападот, што предизвика драматично зголемување на тензиите меѓу Иран и САД и нејзините сојузници.

Известувањето беше испратено во согласност со законот од 1973 година, во кој се предвидува дека администрацијата е должна да го извести Конгресот во рок од 48 часа за спроведување воена акција.

Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси рече дека ударот е извршен без одобрение и консултација со Конгресот.

Треба да знаете
Последни објави