Search

Тодибо се согласи да замине во Милан

Претставниците на Милан остварија средба со дефанзивецот на Барселона, Жан-Клер Тодибо, на која беа договорени личните услови на договорот на играчот.

Дваесет годишниот Французин се согласи да се пресели во италијански клуб, пренесува „Скај спорт Италија”.

Милан сака да го изнајми Тодибо до крајот на тековната сезона со опција за откуп од 20 милиони евра, додека Барселона сака да го задржи можниот приоритет за откуп.

Тодибо настапи само на три натпревари за Каталонците оваа сезона.

Треба да знаете
Последни објави