Search

Русковска: Боки не спомна имиња во последниот исказ

Обвинителката Вилма Русковска за „360 степени“ ги негира информациите дека обвинетиот во аферата „Рекет“, Бојан Јовановски- Боки 13, во исказот кој го дал во обвинителството за случајот „Рекет 2“ спомнувал лица блиски до семејството Заеви и довчерашниот премиер Зоран Заев.

-Не е точно. Во исказот тој спомена НН лица и НН настани, како и дека поради тоа наводно неговиот живот бил загрозен, рече Русковска за „360 степени“.

Порталот Вечер претходно објави дека Боки 13 собрал околу 7 милиони евра рекет од неколку бизнисмени, а парите во поголем дел, ги предал на В.З. близок роднина на Заев. Тоа се случило на средба во Лептокарија, а В.З.воедно бил лицето кое му се заканувало.

И новинарот Бранко Героски вечерва во својата колумна во „Плусинфо“ напиша одредени сознанија за случајот „Рекет 2“.

-Ако пропеат Боки, Фросина и Катица – а првите двајца веќе најавуваат дека нема да молчат – ќе дознаеме за поврзаноста со „Рекет“ на блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, на многу важен советник на Заев од една странска земја, на познат интелектуалец и на познат новинар кои ги воспоставуваат линковите меѓу Боки и Катица, а најстрашно од сѐ, на многу близок човек на Зоран Заев, кој ги менаџира и контролира сите поголеми бизнис зделки во земјава. Она што го знаеме за „Рекет“ е само врвот на ледениот брег, напиша Героски.

Треба да знаете
Последни објави