Search

Облак го спречи Барди да му донесе реми на Леванте против Атлетико

Атлетико Мадрид го победи Леванте со 2-1, пред се благодарение на Јан Облак кој во последните секунди од мечот на неверојатен начин му го одбрани ударот со глава на македонскиот репрезентативец, Енис Барди.

Нашиот фудбалер имаше можност да му донесе бод на својот тим, но Облак со брза реакција спречи израмнување.

Ова за клубот од Мадрид беше трета лигашка победа во низа или вкупно деветта во сезоната со што дојде до третата позиција на табелата зад Реал Мадрид и Барселона.

Најзначајните моменти се случија во првите 18 минути од средбата во кои Кореа донесе голема радост на „Ванда Метрополитано“, па Рожер Марти возврати за да потоа стрела и Фелипе.

Имаше шанси за промена на резултатот меѓу кои и две беа на нашиот Енис Барди, меѓутоа голманот Јан Облак интервенираше во двете ситуации.

https://twitter.com/_Miguel_Chines/status/1213548768383111168

Треба да знаете
Последни објави