Search

Македонија без Велко Маркоски на ЕП

Македонската ракометна  репрезентација ќе биде ослабена на Европското првенство (ЕП), откако денеска беше објавено дека столбот во одбраната, Велко Маркоски ќе го пропушти големото натпреварување. Маркоски се повреди во контролниот дуел против Словенија (28-33) кога добие силен удар во окото од Деан Бомбач, по што денеска македонскиот репрезентативец мораше да оди на дополнителни прегледи и беше потврдено дека мора да паузира две недели.

„Ве известуваме дека по направените дополнителни медицински прегледи во Очната Клиника во Љубљана и добиените резултати констатирано е дека Велко Маркоски ќе треба да отуствува 14 дена (повреда на левото око, по ударот со топка од страна на Бомбач). Велко Маркоски утре вечер се враќа за Македонија каде што во понеделник ќе има дополнителни прегледи и ќе продолжи со рехабилитација!“’, стои објавата на официјалниот Фејсбук на ракометната федерација.

Македонија првиот меч на ЕП го игра на 10 јануари против Украина.

Фото: 24 Ракомет.мк

Треба да знаете
Последни објави