Search

Кинезот во Еспањол ѝ ја одзема победата на Барселона во самиот финиш

Тимот на Барселона со реми против градскиот ривал Еспањол ја започна новата календарска 2020 година во шпанската Примера.

Составот од „Камп Ноу“ важеше за голем фаворит на вечерашниот меч, меѓутоа тоа не успеа резултатски да го потврди и мораше да се задоволи само со бод иако создаде доволно шанса за славје против Еспањол.

Домаќините под водство на новиот тренер Абелардо тргнаа одлично и во 23 минута го отворија резулатот преку Лопез кој со удар со глава го матираше Нето.

Барса одговори во вториот дел каде во периодот од 50 до 59 минута два пати го матираше противникот преку Суарез и Видал за комплетен пресврт.

Потоа Френки Де Јонг направи глупост и заработи црвен картон и тоа Еспањол го искористи во самиот финиш преку нововлезениот Ву Леи во 88 минута за конечни 2-2.

Сега Барселона и Реал се на делба на првото место на табелата со 40 бода.

Треба да знаете
Последни објави