Search

Руни дебитираше со асистенција во победата на Дерби

Вејн Руни веднаш го покажа својот квалитет во дресот на Дерби каунти, откако на неговото деби против Барнсли во Чемпионип му асистираше на својот соиграч и тоа на фантастичен начин.

Англиската легенда испрати одличен центаршут од слободен удар и потоа Џек Мериот без многу проблеми ја смести топката во противничката мрежа.

Да потсетиме, Руни претходно потпиша 18-месечен договор со Дерби како тренер-фудбалер, но не можеше да игра досега поради тоа што имаше договор со Ди-Си јунајтед до Нова година. Ова е втора победа за Дерби во низа со што излегоа од резултатската криза

Треба да знаете
Последни објави