Search

Aлбанците во С. Македонија не се дискриминирани. Може да има одредена неправда во некој судски процес, но тоа не и дискриминација на Албанците. Еден народ кој го има своето национално знаме, еден народ кој има три универзитети на својот јазик, два државни и еден приватен, не може да се рече дека е дискирминиран, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за „Косовапрес“ што го пренесува „Радио Слободна Европа“.

Лидерот на ДУИ додава дека мандатот на идната влада нема да биде лесен. Според него треба да се зголеми квалитетот во образованието, здравството и судството. Ахмети вели дека во Македонија можеби постои неправда во некој судски процес, но дека нема дискирминација врз Албанците.

-Еден народ кој го има своето национално знаме, еден народ кој има три универзитети на својот јазик, два државни и еден приватен, не може да се рече дека е дискирминиран, не може да се рече за еден народ кој темелите на градење на една држава ги има во просториите каде што живее, јазик, знаме, универзитети, државна администрација, полиција, војска. Има уште работи кои треба да се поправат, уште не се затворени сите прашања, на пример за правичната застапеност, практичната употреба на јазикот и други.  Денеска тргнуваме со првите чекори, но треба да видиме колку сме подготвени сите овие работи што сме ги добиле со многу труд да ги применуваме – истакна Ахмети.

Ахмети вели дека треба една систематска работа за да се остранат предрасудите дека Албанците сакаат да доминираат со цела Македонија.

Според Ахмети, малите партии треба да се обединат за да не се губат албанските гласови.

Во однос за односите со СДСМ, Ахмети изјавил дека соработката со оваа партија ќе продолжи до 12 април, иако постојат неколку разлики.

Треба да знаете
Последни објави