Search

Таткото на Грета Тунберг: Таа е среќна, но јас сум загрижен

Иако таткото на Грета, Сванте Тунберг е горд на нејзината упорност и истрајност, тој не е среќен што неговата ќерка тинејџерка се нашла во првите редови на активистичката борба, признава за „Би-би-си“.

Сванте открил дека Грета страдала од депресија три до четири години пред да почне активно да се бори за спас на планетата од глобалното затоплување.

„Престана да јаде… и престана да оди на училиште“, признал Сванте.

За да ја спасат од депресија, родителите на Грета ги прекинале своите кариери и се посветиле на неа и нејзината сестра.

Во текот на изминатите неколку години, тие почнале да стануваат свесни за климатските промени, за кои Грета страсно се интересирала.

Нејзината мајка, инаку оперска дива, одлучила да не лета повеќе со авион поради штетата што ја нанесуваат на околината, додека таткото на Грета, во меѓувреме, станал веган.

Тој додаде дека Грета е многу посреќна откако станала активистка, но истакнал дека е загрижен поради омразата со која сега се соочува.

„Сè што правам, правам за моето дете, а не за климата. За мене, таа е обично дете кое може да прави се што можат другите. Таа постојано танцува, се смее и се забавува“, признал Сванте, додавајќи дека активизмот ја сменил неговата ќерка и ѝ донел многу радост.

Тој рече дека е особено загрижен за лажните вести и сè што луѓето се обидуваат да измислат за неа, како и омразата што тоа ја повлекува со себе.

Тој се надева дека во иднина околностите ќе бидат помалку интензивни за неговото семејство и дека Грета ќе се врати на училиште. Таа наскоро ќе наполни 17 години, па тој повеќе нема да мора да ја придружува на патувања.

Треба да знаете
Последни објави