Search

Варшава и Москва сè уште се препукуваат за Втората светска војна, полскиот премиер рече дека Путин лаже

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки рече дека рускиот претседател Владимир Путин лаже за Втората светска војна, за да го сврти вниманието од неуспесите на Русија.

Тој ова го кажа во врска со изјавата на Путин, во која ја обвинува Полска за избувнувањето на Втората светска војна, што предизвика рускиот амбасадор во Полска да биде повикан на разговор од полското Министерство за надворешни работи и да добие официјална протестна нота.

„Претседателот Путин во неколку наврати лажеше за Полска и го стори тоа намерно. Ова обично се случува кога московските власти ќе почувствуваат меѓународен притисок врз нивните потези. И тој притисок не е на историската туку на геополитичката сцена“, рече Моравјецки.

Како примери на неуспех на Русија, Моравјецки ја наведе суспензијата на руските атлетичари поради допинг, неодамнешното продолжување на санкциите на ЕУ и санкциите на САД за изградба на Северен тек.

Пред три дена рускиот амбасадор во Варшава Сергеј Андреев беше повикан во полското Министерство заради изјавите на рускиот претседател Владимир Путин за полскиот амбасадор во нацистичка Германија, кого го нарече „ѓубре и антисемитска свиња“ затоа што сакал да изгради споменик на Хитлер во Варшава поради протерувањето на Евреите во Африка.

Треба да знаете
Последни објави