Search

Британката која лажеше дека ја силувале тинејџери од Израел е прогласена за виновна

Судот во Кипар ја прогласи за виновна британската државјанка која лажно обвини 12 момчиња од Израел дека ја силувале пред шест месеци.

Девојката првин рекла во полиција дека тинејџерите од Израел ја силувале во хотелска соба во местото Аја Напа на средината на јули, а потоа го повлекла исказот. Таа е обвинета и за доведување на јавноста во заблуда.

19-годишната девојка тврди дека ги повлекла обвиненијата под притисок од полицијата која ја испитувала без присуство на адвокат.

Изрекувањето на пресудата е закажано за 7 јануари.

Треба да знаете
Последни објави