Search

Загинатиот полицаец по прегазувањето бил удрен и од друг автомобил

Двајцата полицајци кои вчера беа прегазени на автопатот Тетово- Гостивар вршеле увид на сообраќајка во која биле тешко повредени тројца, а починатиот сообраќаец по прегазувањето бил удрен и од друг автомобил, информираше МВР.

-На 28.12.2019 во 18.50 часот на автопат  Тетово-Гостивар, во близина на место викано „Тумчевишка клучка“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(20) од Гостивар, и патничко моторно возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.О.(49) од с.Речане,гостиварско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките во патничко моторно возило „пежо“ Ф.С.(51), О.Р.(48) и Д.Х.(27), сите од с.Речане и биле пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.

Веднаш на местото на увид дошла екипа на СВР Тетово во која биле полицајците П.Ѓ. и Ф.Ш..

-Во 19.05 часот автомобил „форд фокус“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш.(31) од село Грешница, кичевско удрил во П.Ѓ. и Ф.Ш. додека го обезбедувале местото на настанот од претходната сообраќајна незгода. Потоа автомобил „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Б.(39) од село Синичане, кое се движело во правец Гостивар-Тетово удрило во полицискиот службеник П.Ѓ. По незгодата, со возило на итна медицинска помош полициските службеници се пренесени во Медицински центар Гостивар, каде од доктор кај П.Ѓ. е констатирана смрт, додека кај Ф.Ш се констатирани тешки телесни повреди. Р.Ш., по насока на јавен обвинител е лишен од слобода во Полициска станица Гостивар.

Треба да знаете
Последни објави