Search

Џордан Теодор потпиша за „Уникс Казан”

Американскиот кошаркар, кој има и македонски пасош, Џордан Теодор, од денеска е нов член на руски „Уникс Казан”.

Теодор со „Уникс” потпиша Договор со важност до крајот на сезонава. Плејмејкерот, кој пред неколку дена го напушти турски „Бешикташ”, брзо си најде нова средина, и тоа клуб кој настапува во регионалната ВТБ лига и во Еврокупот, натпреварувања преку кои може да се влезе во Евролигата.

Натурализираниот Македонец само едно лето играше за нашата репрезентација, никогаш не играл во Еврокупот и во ВТБ, но може да биде големо засилување за „Уникс”. Теодор има 30 години, а во турската лига имаше просек од 15,1 поени по натпревар.

Треба да знаете
Последни објави