Search

Ракометарите стигнаа во Букурешт, наострени за дуелот со Алжир

Македонската ракометна репрезентација пристигна во романската престолнина Букурешт, каде утре од 15 часот го игра своето полуфинале на турнирот „Трофеј Карпати”, а противник е Алжир.

Тоа ќе биде претпоследна контрола на турнејата на која Данило Брестовац со себе зеде главно млади ракометари. Во другото полуфинале играат Романија и Холандија, па в недела подмладените „црвено-жолти” ќе си ги одмерат силите и со една од овие селекции од 15 или 17.15 часот, во зависност дали мечот ќе биде за трето место или финале.

РФМ за понеделник во Скопје закажа прес-конференција на која ќе се обрати Брестовац и ќе го каже списокот на патници за Европското првенство. Мечевите во Букурешт се последна шанса за кандидатите да се наметнат и да докажат дека заслужуваат да се појават на ЕП.

Фото: РФМ

Треба да знаете
Последни објави