Search

Путин ја исполни новогодишната желба на ученичка и ѝ поради лабрадор

Руската ученичка Екатерина Папанова доби кученце лабрадор како подарок од рускиот претседател Владимир Путин, соопшти владината прес-служба.

Екатерина со семејството живее во Обнинск и посетува училиште специјализирано за деца со посебни потреби.

Претходно, таткото на девојчето му се обрати на претседателот со барање да и’ подари на Екатерина златен ретривер или кученце лабрадор, пренесе агенцијата ТАСС.

„Во Обнинск, Екатерина Папанова доби кученце лабрадор како подарок од претседателот Владимир Путин. Комуникацијата со кучето ќе и’ помогне полесно да мине низ препорачаниот третман“, соопштија од прес-службата.

Треба да знаете
Последни објави