Search

Протест пред црногорската амбасада во Белград

Неколку стотина луѓе се собраа вечерва пред Амбасадата на Црна Гора во центарот на Белград поради усвојување на Законот за слобода на вероисповед во Црна Гора и апсењето на пратеници на опозициската партија Демократски фронт во Собранието во Подгорица.

„Собирот за поддршка на српскиот народ” е организиран од Студентскиот клуб при Правниот факултет во Белград. Демонстрантите блокираа дел од главната белградска улица „Кнез Михајлова”, носејќи српски знамиња и извикувајќи „Србија и Црна Гора, тоа е едно семејство” и „Нема поделби”. Исто така, се извикувале и пораки против лидерите на Србија и на Црна Гора, Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ.

Организаторите изјавија дека имаат три барања, а едно од нив е црногорските амбасадори, кои ги користат дипломатските претставништва на Србија низ светот, да бидат исфрлени од тие објекти.

Студентската организација, исто така, побара Србија да иницира седница на Советот за безбедност на ОН и во Советот на Европа за положбата на српскиот народ. Едно од барањата е и црногорскиот амбасадор во Белград да биде прогласен за „персона нон грата”, а односите меѓу двете земји да се сведат на конзуларно ниво.

Меѓу присутните бил забележан и лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, кој претходно денеска веќе одржа протест пред Амбасадата и на напиша графит на незините ѕидови.

Треба да знаете
Последни објави