Search

Пратеничките од ДОМ гласаа против рамниот данок

Пратеничките од партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) на денешната пленарна седница гласаа против враќањето на рамниот данок, што ќе се применува во следните три години.

„Прогресивниот данок овозможува социјална правда и солидарност, што се едни од основните зелени вредности. Досегашните искуства од примената на рамниот данок, покажуваат дека тој не придонесе за зголемување на економскиот стандард на мнозинството граѓани, а социјалната нееднаквост евидентно се зголемуваше. Сметаме дека прогресивниот данок нема видливо негативно влијание на профитабилноста на фирмите. Потсетуваме дека во последните две години се донесоа низа мерки за помош на домашните и странските компании“, истакна претседателката на партијата Маја Морачанин во своето обраќање во Собранието.

Таа кажа дека партијата дополнително предлага зголемување на данокот на имот со што би се обезбедиле повеќе финансиски средства за локалната самоуправа.

Треба да знаете
Последни објави